И Што После Vertex Design Едукација?

Честитки! Успешно ја завршите обуката на Vertex Design Едукација за 3ds Max и Corona Renderer специјално наменета за Архитекти и Дизајнери за внатрешно уредување.

И сега што? Што после обуката во Verted Design едукација? Кои се вашите можности со знаењето кое го стекнавте изминатите неколку месеци?

Vertex Design Едукација обуката е завршена… Што понатаму?

Па, можностите се бесконечни, бидејќи по завршувањето на обуката вие сте комплетно подготвени самостојно да работите со 3ds Max и Corona Renderer. Вие исто така можете самостојно да работите на најразлични проекти од областа на Архитектура и Внатрешно уредување.

Vertex Design Едукација ќе се погрижи по завршување на обуката, кандидатите да добијат модели, материјали и целосна опрема со цел да можат самостојно да работат на зададените проекти.

Не заборавајте! Во обуката се вклучени видео предавања на Македонски јазик (дополнувани секоја година), скрипта на Македонски јазик, модели/текстури во вредност од 3000 евра и поддршка по завршувањето на обуката.

По Vertex Design обуката: Од фриленсер до врвен дизајнер

Секако! Додека пак ја посетувате обуката, инструкторите на Vertex Design едукација ќе споделат искуства за работењето како фриленсер но, и за можностите за вработување во некои од Македонските (или странските) компании. Постојат премногу можности за вработување и за градење на кариера по завршувањето на обуката. Од on-line работа како фриленсер, до креирање на сопствена фирма за визуелизација налик на Vertex Design.

Vertex Design едукација во времетраењето на обуката ќе ве подготви и за подобро организирање и менаџирање на времето додека трае еден проект. Затоа и самата обука е насочена кон моделирање и исцртување да биде прецизен и лесен процес, а вие како професионалец да посветите повеќе време на уредување на ентериери.

За крај, 3ds Max и Corona имаат најразлични примени. Една од нив е и филмската индустрија користи 3ds Max и Corona. Нив ги има во продукцијата на речиси секој филмски блокбастер кој што сте го погледнале во кино, секоја реклама на YouTube, а се разбира ги има и во телевизиската индустрија. Безбројни хит ТВ серии можат да се пофалат дека се креирани со овие софтвери. Од Game Of Thrones  до Stranger Things и уште илјадници други успешни хитови од Холивуд.

Одлуката да ја посетите обуката за 3ds Max и Corona Renererer е само првиот чекор до стекнувањето на нова вештина која ќе ви отвори нови врати. Ќе ја поттикне вашата креативност, а кој знае? Можеби ќе ви ја промени траекторијата на Вашиот живот.