Додека тимот на Vertex Design полека но сигурно се подготвува за нова Септемвриска обука, и нова група на студенти за изучување на 3ds Max и Corona, летниот период го искористивме за нешто убаво и носталгично.

Ова лето го искористивме за малку рефлекција, погледнување наназад на тоа што го сработивме и фидбекот кој го добивме во изминатите неколку години. Vertex Design Едукација помина години и години обучувајќи стотици студенти за креативниите можности кои ги нудат 3ds Max и Corona софтверите.
Vertex Design Фидбек: Мотивација Плус
Низ клупите на Vertex Design Едукација седеа студенти кои денес се дизајнери, архитекти или девелопери на видео игри. Голем дел од нив работат во креативни студија за дизајн, дел од нив се сопственици на сопствени компании за дизајн а некои успeшно градат кариера во светот на фриленс.

Но, од сите убави зборови, пофалби и препораки кои Vertex Design едукација ги доби за обуките во 3ds Max и Corona, би сакале да се „пофалиме“ со дел од најохрабрувачките.
Тие не мотивираат да продолжиме понатаму, да се подобруваме и да се надеваме на уште подобар фидбек од нашите студенти.

Ова се само дел од пораките кои ги добивме до сега, а очекуваме нови успешни групи од Септември да станат дел од успешната приказна на Vertex Design Едукација.











