Merriam Webster речникот го објаснува поимот Chamfer/Чамфер само како „заоблен раб“. Но, вистинските вљубеници во Архитектурата и дизајнот знаат дека е многу повеќе од обична именка.
Чамфер: Повеќе од само поим
За професионалците во самата индустрија тој е есенцијален ден од самиот дизајн. Тој е всушност преоден раб помеѓу две страни на објектот. Понекогаш дефиниран како форма на закосување, Чамферот често се создава под агол од 45° помеѓу две соседни страни под прав агол.
Но, не секогаш!
Иако аголот од 45 степени е вообичаен, закосувањата може да се создадат и под други агли како 30 или 60 степени.

Генерално „Чамфер“ се однесува на заоблување на остар раб или агол. 3ds Max вклучува два 3D примитиви кои вклучуваат заоблување: ChamferBox и ChamferCyl, а ако сакате да дознаете повеќе за ова, слободно пријавете на обуката за 3ds Max и Corona на Vertex Design Едукација.
Примената на Чамфер е сестрана!
Да. Ако милевте дека Чамферот може да се пронајде во архитектурата, тогаш помислете повторно. Чамферот може да се пронајде и во машинската обработка, столаријата, мебелот, огледалата и за полесно склопувањето на многу сектори во машинското инжењерство.
Во 3ds Max, Чамферот е фундаментална техника што се користи во различни аспекти на 3Д моделирањето. Од креирање архитектонски визуелизации до анимација на ликови и дизајн на производи. Сепак, фасцинантни примери за чамфер во архитктурата има речиси на секој ден од планетата. Дел од најубавите архитектонски зданија имаат истакнат чамфер, а како дел од најмаркантните ние во Vertex Design би ги издвоиле:

- На фасадата од зградата на Сакс Петтата авенија во Њујорк
- Darwaza-i rauza портата пред Таџ Махал во Индија, а и самата основа на Таџ Махал има закосени агли.(види фото)
Чамферот е навистина „тајното оружје“ на фотореализмот. Тој ги омекнува острите рабови, правејќи ги предметите да изгледаат позаоблени и порафинирани. Можете да дознаете повеќе за Чамфери но и други интересни поими од 3ds Max, само на обукатата за 3ds Max и Corona на Vertex Design едукација.
Не чекајте! Пријaвете се уште сега!

