Зошто Vertex Design?

Името на Vertex Design е присутно во Македонската архитектонска индустрија повеќе од 12 години. Најпрво преку Vertex Design, студиото за архитетеконска визуелизација, а подоцна преку Vertex Design едукација и обуките за 3ds Max и Corona Renderer.

Read more: Зошто Vertex Design?

Но, дали знаете кое е значењето на поимот Vertex? Речиси секое име на компанија има свое значење за потеклото или историјата на самата компанија. Nokia е име на река која тече низ Финска, Nike е името на Грчката божица на победата, а Ford Motor Company е именувана по основачот на компанијата. Хенри Форд.

Vertex е повеќе од само точка!

Значењето на Vertex доаѓа од еден мал но значителен аспект од самиот софтвер кој го користи Vertex Design. 3ds Max.

Autodesk, компанијата која што го креирала самиот софтвер 3D Max го дефинира Vertex како:

Единечна точка чие единствено својство е нејзината позиција во 3Д просторот.

Во суштината на 3ds Max, Vertex е фундаментална точка во 3D просторот што го дефинира обликот на моделот. Таа е 3D координата (x, y, z) што одредува една локација на површината на моделот. Во архитектурата, Vertex претставува една од основните градежни блокови на геометриските објекти. Тие се поврзуваат за да формираат рабови, а рабовите се поврзуваат за да формираат полигони и други форми.

Со Vertex точките може да се манипулира (пoместува, брише итн.) за да се измени обликот на моделот. Тиe служат како контролни точки каде што се спојуваат сите креативни елементи. Позиционирањето на овие точки значително влијае не само на обликот на објектот, туку и на неговото засенчување и мапирање на текстурата.

Vertex е во сржта на 3D Max

Токму поради самата вредност на Vertex точките и нивната секојдневна примена во работата на Vertex Design, одлучивме да ја инкорпорираме во самото име на компанијата. Без Vertex точките од 3ds Max софтверот, името на компанијата би имало комплетно друго значење.

Но, 3ds Max е само корисна алатка во работата на илјадници дизајнери и архитекти. Креативноста во креирањето на дизајнот мора да дојде од внатре. 3ds Max е нешто што со доволно посветеност и работа може да се научи. Но, со вистинската обука, дизајнот ќе стане многу повеќе од преместување на Vertex точки. Дизајнот ќе добие смисла, цел и корист.

Или според зборовите на Стив Џобс

Дизајнот не е само она што изгледа и се чувствува. Дизајнот е начинот на кој функционира“.

– Steve Jobs