The place where beautiful renders are born…
Што се вклучува 3ds Max + Corona Renderer обуката?
Обуката за 3ds Max и Corona на Vertex Design Едукација е поделена на два главни дела.
Првиот дел опфaќа се што е поврзано со моделирање во 3Д просторот. Времетраењето е од 2 месеци или тоа се 36 часа кои се потребни за еден студент да може да дојде до совршени рендери по завршување на обуката. Во првиот месец се работи на моделирање (основно и напредно моделирање) каде што ќе научите да исцртувате ѕидови и сите основни елементи за внатрешното уредување на ентериерот со добра геометрија и топологија. И секако ке научите како да исцртате високодетална кујна и различни објекти со различни модифаери (алатки) кои ги овозможува самиот програм.
По совладувањето на првиот дел следи креативниот дел од обуката. Делот во кој ќе се изучува осветлување, композиција, камера, изработка на прости и сложени материјали, uw -мапи, сетирање на рендер прозорецот и добивање на високодетални фотореалистични рендери.
Зошто да ја изберете нашата обука ?
Бидејќи ние го знаеме патот, ние знаеме што е потребно и знаеме да го предадеме знаењето …
Зошто Vertex Design Едукација се разликува од другите едукативни центри?
Бидејќи ние го предаваме нашиот процес на работа. На обуката ќе научите и вредни совети за тоа како да бидете побрзи и ефективни во работата. Како да го искористите времето за добиете дизајни кои се коректно и прецизно исцртани, без ликови од светлина или грешки во геометријата на објектите.
По завршување на обуката Вие ќе бидете комплетно способни да работите самостојно на индивидуални проекти.
Идниот дизајнер треба да ги знае правите алатки за да биде брз и ефективен за да може да сработи повеќе проекти месечно и да заработи повеќе пари. Нели на крајот од денот сите тоа го сакаме 🙂
Become a great designer Upgrade your skill …
Ако сакате да бидете дел од обуката за 3ds Max и Corona на Vertex Design едукација, тоа може да го направите на контакт формуларот подолу а ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.
Пријави се сега
Вертекс Дизајн е навистина местото каде што се раѓаат совршените рендери !
ЧПП
Методија Ѓорѓиев
Биро Брут
A team with infectious enthusiasm! Loved taking their course, had fun there and most importantly, years later they are open for questions and support.





















