Филозофијата на Vertex Design

Vertex Design е едно од водечките студија за визуелизација во Северна Македонија. Годинава ќе прослави 12 години постоење, а покрај креирање на нови идејни решенија, тимот позади Vertex Design напорно работи и на едукација на идните генерации на дизајнери.

Vertex Design: Од скромни почетоци до децениско работење

Vertex Design неминовно еволуираше како компанија низ изминатите години, а со нејзе и самата филозофија. Самото формирање на Vertex Design настана како последица на малиот број на едуцирани дизајнери во С. Македонија. Vertex Design е мал тим на мотивирани професионалци кои го увидоа нестостатокот на квалитетен кадар во оваа дејност, но и лошиот квалитет на самите дизајни кои доминираа во тој период.

Vertex Design првично помагаше во изработување на фотореализам во проекти на најаразлични фирми и индивидуи во самата индустрија. 12 години подоцна, може да се пофали со професионално искуство во над 300 проекти за Архитектонска визелизација, но и над 100 проекти за Продукт визуелизација.

Vertex Design денес нуди услуги како: Архитектонска екстериерна (погледни повеќе линк) и интериерна визуелизација (погледни повеќе линкhttps://vertex-design.com.mk/works/), 360 рендерирање (погледни повеќе линк), анимација (погледни повеќе линк), VR интерактивна реализација (погледни повеќе линк) и Продукт визуелизација (погледни повеќе линк).

Vertex Design Едукација: над 1000 успешни обуки

Недостатокот на квалификуван кадар во оваа дејност ја создаде и Vertex Design Едукација. Втората половина од Vertex Design. Тоа што започна како обид да се пронајдат нови вработени кои што би станале дел од компанијата, прерасна во можност да едуцираме стотици идни архитекти и дизајнери за креативните можности на 3ds Max и Corona софтверите.

Vertex Design едукација со години наназад држи 3ds Max и Corona обуки наменети за архитекти, дизајнери за внатрешно уредување и може да се пофали со многу успешни приказни од истите. Студенти кои се вработиле во дел од најпрестижните дизајн студија во светот и студенти кои си создале самите свои фирми за дизајн и визуелизација.

Но можеби најголем доказ за квалитетот на самите обуки (покрај нашиот CEO Кирил Огненов) се двата сегашни инструктори Радмила и Јована, кои самите почетоци ги имаа во обуките на Vertex Design Едукација. Со вистинското менторство, пасијата и ентузијазмот за дизајн двете дами секоја недела им го пренесуваат на новите студенти пред компјутерите. Ако сакате да бидете дел од квалитетна обука за 3ds Max и Corona со која ќе започнете ново поглавје во вашата кариера (или ќе го зацврстите знаењето на постоечката) пријавете се тука.